Еве како да избегнете коронавирус | Сува кашлица, без течење на носот, најлесен начин да откриете

5150

Кинеската влада го повикала италијанскиот лекар што работел во болницата Шенжен во Кина да се приклучи кон студиската група што го проучува вирусот што се појави во Вухан.

Тој напишал интересна студија која во моментов кружи по социјалните мрежи.

„Ако на настината личност ѝ тече носот и ја боли грлото, не е заразена со корона затоа што пневмонијата (воспаление на белите дробови) дава сува кашлица, без течење на носот. Тоа е најлесен начин да го откриете вирусот. Од друга страна, добро е да знаете дека короната не е отпорна на топлина и умира на 26-27 степени Целзиусови. Поради тоа треба да пиете многу топли напитоци, како што е чајот. Не е тоа лекот, но добро е за вашето тело. Пиењето топли течности е ефикасно и ги уништува сите вируси во вашето тело. Обидете се да не пиете ладни напитоци.“

Изложете се на сонце, иако е ладно

„Кога вирусот ќе падне на метална површина, таму живее најмалку 12 часа. Затоа запомнете дека доколку дојдете во контакт со каква било метална површина, мора темелно да ги измиете рацете.

Вирусот може да остане активен во организмот од 6 до 12 часа. Вообичаени средства за миење на рацете можат да го убијат вирусот. Зимската облека што не е потребно секојдневно да ја перете, треба да ја проветрувате надвор затоа што сончевите зраци го уништуваат вирусот“.

Симптоми на коронска пневмонија

„Ќе почувствувате дека вашето грло е суво, а симптомите траат 3-4 дена.“

„Вирусот потоа ќе се спои со назалната течност, ќе продре до душникот и ќе влезе во белите дробови предизвикувајќи коронавирус. Овој стадиум трае од 5-6 дена.“

„Воспаление на белите дробови, висока температура и отежнато дишење се симптомите што исто така укажуваат дека сте заразени со ковид-19. Носот ќе ви биде затнат така што ќе имате чувство како да се давите. Важно е веднаш да побарате лекарска помош ако ги имате овие симптоми.“

Од сите страни се појавуваат лекари што објавуваат статии или истражувања за начините како да се заштитите од смртоносниот вирус.

Пијте вода

Сите треба да бидеме сигурни устата и грлото постојано да ни се влажни, никогаш суви!

Пијте малку вода на секои 15 минути. ЗОШТО?

Дури и ако вирусот влезе во устата, питката вода или друга течност ќе го пренесат преку хранопроводот до стомакот. Таму, киселините во стомакот ќе го убијат вирусот.

Ако не пиете доволно вода редовно, вирусот може да влезе во душникот и во белите дробови.
Дезинфекција на чевлите преку кои е можен пренос на коронавирусот

Во шише со распрскувач ставете една четвртина од некое средство за чистење на база на хлор и три четвртини вода.

Пред да влезете дома, попрскајте ги обувките и одозгора и одоздола.

Слободен печат