„Mary had a little lamb“ – првата песна пуштена на фонограф (грамофон)  

533

Од античките времиња човештвото сонувало за тоа како да се “фати” човечкиот глас. Во делата на античкиот свет опишани се сложени и ретки машини за имитација или појачувачи на човечкиот глас.

Поминаа векови, и желбите за аудио плеер се исполнија само во форма на различни музички автомати, односно мали кутии, кои свиреле различни песни, а ги напојувал механизам од часовник. 1877 година Едисон во својот дневник, прв го забележал зборот фонограф, за да на 6 декември истата година од фонографот на Едисон се репродуцираат првите звуци од песната „Mary had a little lamb“

Емил Берлинер на 26 август 1887 година исполнува патентна пријава за метод на снимање звук со латерарно врежана бразда на плоча изработена од станиол – тоа е раѓањето на грамофонот. Првата плоча со дијаметар од 12,5 см се појавила 1897 година со репродукција од едната страна.

Во Загреб во 1926 година е основана и почнала со работа компанија за производство на грамафонски плочи Edison Bell Penkala Ltd, на што му погодувала географската положба на Загреб за проширување на трговијата на плочи грамофони кон југоисточна Европа и на Блискиот Исток.

Плочата како иновација на дваесеттиот век беше добро примена од тогашното граѓанското општество од самиот почеток. Имаше дури и прашање на престиж, и секоја  “престижна фамилија” би требало да има грамофон и соодветен број на актуелни грамафонски плочи.

Што се однесува на музичкиот репертоар на грамафонските плочи, главно се негувал избор од најпопуларните оркестарски композиции. На прво место биле валцери, полки и маршеви од познати композитори, потоа популарни песни од различни опери, класични оперети итн. Во тоа време шелак плочи се вртеа на 78 вртежи во минута, за да 1948 година беа претставени првите LP на 33 вртежи во минута, а една година подоцна, конечно доаѓаат на пазарот синглови на 45 вртежи во минута.

Аудио компакт дискот го претставуваат  Philips и Sony 1980 година, кој при репродуцирање се врти со околу 200 врт / мин. Грамофоните и плочите со време беа истуркани на маргините, и сега се наоѓаат само во колекциите на Музеите и кај аудиофилите.