Забавувајте се со овој интересен љубовен хороскоп, со кој ќе откриете каков маж ви одговара според тоа во кој знак сте родени.
Овен – интелигентен
Жените Овни се рационални и независни мислители. Сакаат маж со кој ќе водат интелектуални разговори бидејќи навистина немаат време за губење на ситници.
Бик – маж со силна волја
Биковите сакаат да паѓаат на слабости. На жената Бик ѝ е потребен романтичен партнер кој се труди да ја привлече, но и да ѝ се допадне.
Близнаци – искрен
Близнаците се авантуристи, кои често сакаат да прават од мравка слон. Нив им треба партнер на кој ќе можат отворено да му кажат што им пречи во врската.
Рак – добродушен
Раковите се добри и чувствителни, па затоа и си бараат некој сличен на нив, за кој можат да бидат сигурни дека нема да ги повреди и злоупотреби.
Лав – флерт
Лавиците сакаат да освојуваат, особено мотивирани и лојални мажи. Сакаат забава, па нивниот партнер треба да биде спремен да флертува со нив дури и откако ги освоил.
Девица – трпелив
Девиците се паметни и мистериозни, но и затворени. Нив им треба трпелив маж кој нема да им се лути затоа што не се отвораат уште во првите неколку дена.
Продолжува на страна 2



















