Маж од Кина уште од детството страдал од силни главоболки. Кога станале неподносливи, отишол на лекар и дознал дека 20 години живее со куршум во главата.
Ксија Чен (28) од Шенжен бил сигурен дека боледува од несоница – се обидел да го промени начинот на живот и пиел апчиња, но ништо не помогнало.
Кога главоболките станале неподносливи и не можел повеќе да издржи, побарал помош од лекар.
Во болницата направиле скенер за глава и забележале чуден предмет на левата страна од черепот. По повнимателна проверка, се покажало дека се работи за куршум.
Кинезот рекол дека неговиот брат случајно го застрелал со пневматско оружје пред 20 години. Раната не била премногу болна, поради што не им кажале на родителите, а тој со текот на времето целосно заборавил на повредата.
Според лекарот, Чен е среќен што е жив – куршумот не го погодил целосно черепот и не го повредил мозокот.