Микро-изневерувањето не треба да се игнорира

967

Не е само „секстирање“ она што може да се смета за „микро-изневерување“.

Психологот Ема Кени објасни други форми на „микро-изневерување“ кои можат да наштетат на вашата врска.

1. Вашиот партнер сè уште има профили на страници за запознавање

И покрај тоа што сте во фаза каде што ви е судено да бидете моногамни, вашиот партнер сè уште има отворен профил на страница за запознавање само во случај да дојде некој подобар. Тоа ја поткопува вашата моментална врска.

2. Се дружи со некој кој му е сексуално привлечен

Поминувањето време со некој што вашиот партнер го смета за сексуално привлечен е само отскочна штица за афера.

3. Одржува контакт со бившата

Сè уште се допишува со поранешната на социјалните мрежи? Ова сугерира дека таа сè уште има чувства или има потреба од потврда од нејзиниот поранешен, што значи дека вашата моментална врска е во прашање.

4. Флертува со вашите пријателки

Кога сте заедно надвор, тој поминува повеќе време разговарајќи и флертувајќи со вашите пријателки отколку со вас. Ова е многу омаловажувачко за партнерката и укажува дека ќе имате проблем со довербата во врската.

5. Се преправа дека нема искра со некој друг

Ако сте забележале дека вашиот партнер поминува многу време со друга жена, веројатно има повеќе од само дружење, пишува британски „Сан“. Доколку партнерот ве уверува дека се работи само за дружење и дека нема ништо повеќе од тоа, тогаш активно ја саботира долгогодишната доверба меѓу вас двајца.