Еве зошто треба да му се насмевнувате на вашето куче

541

Научниците долго време се труделе да сфатат како настанува довербата помеѓу кучињата и човекот. Но, изгледа конечно се нашол одговор на ова прашања. Едно неодамнешно истражување спроведено на Универзитетот во Хелсинки покажало дека кучињата без престан ги следат изразите на нашето лице и дека реагираат токму според нив.

Па, можете да претпоставите зошто секогаш треба да му се насмевнувате на вашето куче? Според резултатите од истражувањето, хормонот окситоцин ја има главната улога во интеракцијата меѓу кучињата и луѓето. Благонаклонетоста и довербата се стекнува многу едноставно, односно со само една насмевка што создава испуштање на љубовниот хормон – окситоцин.

За да ја потврдат својата теорија, истражувачите спровеле експеримент во кој на група кучиња им покажале фотографии од насмеани и лути лица. Реакцијата на фотографијата кај кучињата била мерена со помош на направа за следење очи. Како што можете и самите да претпоставите, лутите лица им предизвикувале непријатните емоции и тие се подготвувале за реакција (бегање или напад), додека пак, насмеаните лица им предизвикувале пријатни емоции, и тие се чувствувале удобно и безбедно додека ги гледале.

Имајќи го сè ова на ум, најдоброто нешто што можете да го направите за вашето куче е да му се насмевнувате секојпат кога ќе го погледнете. Тоа ќе се чувствува многу побезбедно и поопуштено во ваша близина и многу побрзо ќе создадете близок однос, полн со љубов.