Интимните приказни на нејзиното височество ГАЌИ

3587

Кога нејзиното височество Долна облека би знаела да зборува, би ги засенила сите свeтски пера, а и белосветските интимни посластици би позеленеле од завист пред сеприсутноста на гаќите.

Од Татјана Алексиќ

Само кога би знаела да проговори една машка гаќа (пардон килота, ноблес оближ, говорете куртуазно) или женска подвезица и да си ги раскажат и разменат искуствата…Хммм, замислете една девствена дефлорирана килота, па трудничка во сите девет фази кои не се баш како Девет ипол недели со Ким Бесинџер… Подобри се!

Ништо посекси од благословена жена и трудничка гаќа. А војничка, невестинска, спортска, докторска, амбасадорска гаќа? Спортските се стероидни не ретко и набилдани, докторските прецизно стерилизирани, абасадорските прошетани, авијатичарските разлетани во облаци…

Замислете си една пратечничка гаќа да проговори, уште колку подгаќи ќе излезат од неа, ансамбли од гудачки и дувачки квартети, октети… Политичарската гаќа е сеприсутна и најбарана, таа е повеќедимензионална, хиперболично преувеличува и ја боли гаќа за сѐ, брзопотезно се предимензионира. Од смол на ХХL скока пред секој парламентарен избор, менува боја, лице и опачина, знае да се разлее и корупка да фати, па од течна во трда состојба пак да се врати…

Политичарските гаќи се унисекс непропустливи, можеш да сереш колку сакаш, ти ги впиваат сите гомненици… Секоја професија има своја интимна облека, секое парче интимна облека има свој карактер – затоа внимателно со изборот на долната облека. Ноблес оближ или благородништвото обврзува и не секој може да биде карактер, особено не цврст карактер!

Изборот на вашиот интимен партнер е пропорционален со вашиот избор на интимната облека, секое лонче со свое капаче, секоја килота со своето алтер его, секоја гаќа со својот господар…

Секоја менструација со решена ситуација благодарение на тајното оружје – ФИКСИ.

Крајно време е да загосподарите со вашата интимност! Со патентираните килоти за заштита на жената за време на циклусот, не ви требаат крилца ниту ред бул, доволни ви се ФИКСИ патент килотите креирани за нејзиното височество МЕНСТРУАЦИЈА!

Историја на долната облека

Продолжува на страна 2