
Верувале ил не, во минатото килоти (гаќи по нашки) носеле само жени со лесен морал (евентуално болни или стари, а наместо влошки се користеле крпи). Италијанките отсекогаш биле први во модните перформанси и први од останатите Европејки носеле килоти уште во 16 век и тоа од свила или лен. Наскоро ќе им се придружат и Холанѓанките носејќи долги ленени гаќи од холандско платно.
Еден од култните романи на Стале Попов „Крпен живот“ детално ги разработува (не)културните разлики на селски и градски етникуми на почетокот од 20 век, и првиот еманципиран женски лик Доста Рожденката ќе биде осудувана од жените во руралната средина, заради носење гаќи.
Во исто време, Европејките си го стегаат задникот со корсети во облик на буквата S. Нагласен струк, истакнати гради и задник, со шнирање до изнемоштување, дури и за време на бременост! Во 1888 година во списанието Gazette излегува препорака дека долната облека не смее да е потешка од 3,3 килограми. Немој да помислите дека биле поженствени жените во минатото, „тешко нив“ им било!
Љубовта на Наполеон, Жозефина носела долги гаќи (sиври по нашки) украсени со чипки.
При крајот на 19 век се појавува комбилизон од жерсе со долги ракави и откопчување на задната страна, а подеднакво ги користеле мажи, жени и деца.
Инаку, првиот штитник за гениталии (суспензор) бил употребен 1874 година на натпревар во хокеј на мраз, а првата заштитна кацига за возење мотор 1974-та година. Нњ светот му требале 100 години да сфати дека и мозокот е важен.
20 век, време на естетско доживување на интимната облека, афродизијак и неодоливо заводливо парче облека. Се покусо, поукрасено, во сите можни материјали, детали, бои и намени.
И конечно 21 век и новите патент гаќите на новиот милениум – ФИКСИ !
Кога гаќите мотивираат…
Продолжува на страна 4


















