Не прават само мажите туку и жените прават грешки во сексот

2003

Немате доволно самодоверба

Мажите го обожаваат женското тело и ако мислите дека неколку килограми повеќе се проблем – се лажите. Најчесто мажите не ги забележуваат сите оние недостатоци кои си ги откривате по вашето тело пред огледалото. Заборавете ги комплексите и покачете си ја самодовербата. Само така ќе изгледате најпривлечно во неговите очи.

Неподвижни сте како дрво

Бидете активни во потрагата по оргазам. Откријте што ви се допаѓа и научете го вашиот партнер како да ве задоволи.

Глумите оргазам

Никогаш не глумете дека сте достигнале оргазам. Ако не успевате да ја достигнете врвната точка, разговарајте со партнерот на таа тема. Упатете го кон работите кои ве возбудуваат.

Мислите дека мажите секогаш и секаде се подготвени за секс

Можеби ова ќе ве изненади, но мажите не се секс машини. Стресот и заморот влијаат врз нивната желба за секс. Имајте разбирање за него, како што тој има најчесто за вас.

Заборавате дека мажите сакаат да гледаат

Скоро сите мажи полудуваат кога ќе здогледаат голо женско тело во секси долна облека. Затоа, не му го скратувајте тоа задоволство.

Продолжува на страна 2