Не прават само мажите туку и жените прават грешки во сексот

2004

Не покажувате дека уживате

Ако тој ве возбудува, покажете му го тоа. Не е потребно целата зграда да разбере дека имате секс, но издадете некаков звук. Така тој ќе биде посамоуверен знаејќи дека уживате.

Очекувате од него да мисли како жена

Не можете да очекувате тој да знае сè што сакате вие. За некои работи едноставно никогаш нема да се сети дека би ви биле пријатни вам. Затоа, комуницирајте со вашиот партнер, дајте му до знаење што сакате.

Никогаш не иницирате секс

Ако никогаш не правите ништо за да му покажете на партнерот дека сакате да имате секс, тој може да помисли дека не сте заинтересирана за него. Мажите обожаваат да бидат заведувани исто колку и жените.

Не сакате разнообразие

Една поза нема да го одржи вашиот сексуален живот. Не се плашете да експериментирате. Можеби ќе останете изненадени колку возбудливо може да биде „различното“. Бидете спонтани. Не мора секогаш сексот да ви биде на креветот или во спалната.

Ја занемарувате вашата женственост

Се разбира, не може да се очекува да бидете секогаш „средени“ таму долу, но ако целосно се занемарите или не сте средени за вашиот прв однос, нема да оставите добар впечаток. Женското тело треба да биде чисто, нежно и мазно.