Ванилици со бадеми и путер

176

Потребно

100 г шеќер
1 јајце
125 г путер
125 г свинска маст
200 мл јогурт
600 г брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 кесичка ванилин шеќер
100 г печени сецкани бадеми (несолени)
шеќер во прав за посипување

Подготовка 

1. Во еден сад измешајте ги шеќерот, ванила шеќер и јајцето, и смесата нека се изедначи.

2. Потоа додадете го јогуртот и омекнатиот путер, и свинската маст. Измешајте убаво па додадете ги брашното и прашокот за пециво. Брашното додавајте го полека додека не добиете тесто кое може убаво да се отвори во кора, но не смее да биде претврдо.

Додадете ги исецканите бадеми и убаво измесете.

Исучете кора со дебелина до 2 цм и со калап вадете форми и ставајте ги во плех обложен со хартија за печење. Гурабиите се печат на 180 степени околу половина час.

После печењето, извалкајте ги во шеќер во прав.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.