Два силни земјотреси ја погодија Азија ! Се урна зграда, повеќе од 40 луѓе заробени ! Видео

744

Силен земјотрес го погоди Мјанмар, а почувствуван низ Јужна Азија.

Два земјотреси го погодија Мјанмар: првиот со магнитуда од 7,7 степени според Рихтеровата скала, а вториот со јачина од 6,4 степени. Потресите се почувствувани и во околните земји, вклучувајќи ги Бангладеш, Индија, Виетнам и Тајланд.

Жителите на горенаведените, како и на други земји, се огласија на веб-страницата на Euro-Mediterranean Seismological Center и го опишаа земјотресот.

„Се чувствував како да ќе се онесвестам. Толку силно се тресеше во Јангон, што не можам да замислам колку е страшно во Мандалеј“, е едно од сведочењата.

Зграда во Бангкок се урна при што загинаа 50 луѓе, а 43 се уште се заробени под урнатините.

“Почувствував како некој да ми го тресе креветот. Тогаш погледнав наоколу и видов дека прозорците во куќата се тресат. Водата во шишето се тресеше. И моливите, и ленирите во мојот несесер се тресеа. Се симнав по скалите и отидов кај татко ми, а тој рече дека и тој го чувствува тоа. Исто така, се тресеа и неколку лажици обесени на ѕидот од кујната. Времетраењето беше околу една минута. После тоа, претпоставувам дека престана да се тресе“, опиша жител на Мјанмар.

Reuters пишува дека стотици луѓе во тајландскиот главен град, Бангкок, брзале од зградите во паника откако го почувствувале тресењето на земјата.

„На зградата се појавија пукнатини“, напишал жител на тајландскиот град Тунг Махамека, кој се наоѓа на 1.000 километри од епицентарот.

– „Се чувствувате како да сте пијан обидувајќи се да се вратите дома“, рече жител на градот Хо Ши Мин, град во Виетнам кој се наоѓа на 1.668 километри од епицентарот.

„Прво столот и масата почнаа малку да се нишаат, а потоа целата зграда добро се заниша“, вели жител на тајландскиот град Bang Waa.