Што не треба да ги загрижува жените за време на секс

131

Жените се многу грижливи. Сепак треба да се разбере за што не треба да се загрижени, бидејќи мажите воопшто не обрнуваат на тоа внимание.

Колку гласни или тивки сте во кревет. Ако квичите од среќа и радост може да ве задеваат соседите, но пак и сосема да немате емоции исто така не е добро. Затоа најсоодветна е природната реакција на случувањата.

Не е задолжително вагината да мириса на рози. Ако ја почитувате хигиената, нема зошто да се возбудувате дека мирисот немало да му се допадне на вашиот партнер. Кон здравиот женски мирис мажите се однесуваат сосема нормално.

Изгледот на градите за време на сексот. Запомнете дека сакате да добивате и да давате задоволство, а не да правите фотосесија.

Колку често си правите депилација. Многу мажи не сакаат нивната уста да се судри со влакна и затоа преферираат скромна вегетација. Но сè треба да е во границите на разумното.

Колку сте мокри – исто не е причина за загриженост. Волшебните средства, како и зборовите можат да ја поправат ситуацијата.

Во звуците кои издаваат интимните места, нема ништо, ама апсолутно ништо страшно – не треба да се зацрвените и да го прекинувате сексуалниот чин.

Растурена фризура. Сепак вие се занимавате со секс и токму фризурата ќе покаже колку тој бил квалитетен.

Зборувајте што и да посакате. На мажот ќе му е пријатно да знае што ве привлекува. Тој со задоволство ќе стори сé за да ви е пријатно.

Како ви изгледа лицето за време на сексот. На вас тоа може да ви се чини чудно, но за него може да е многу сексапилно.