Чајот од шипка го штити здравјето

1103

Чајот од шипка во себе содржи големо количество на витамин Ц, па затоа игра важна улога во одржување на имунитетот.

Чајот од шипка се употребува обично во зима, и има позитивно дејство во смирување на настинката и грипот, покачената телесна температура, и сличните симптоми предизвикани од грип.

Традиционално, го има во домот на секое балканско семејство.

Овој вкусен чај се користи исто така и за регулирање на работата на гастроинтестиналниот систем, чистење на песок од бубрезите и смирување на урогениталните инфекции.

Чајот се дава и за регулирање на конзистенцијата на столицата.