Манијата по здравата исхрана станува сè посилна

1386

Зошто здравата храна е непријател на вагата?

Луѓето масовно веруваат дека ако го ограничат менито на производи кои се сметаат за корисни и нискокалорични си гарантираат секси тело и добра форма.

Но, вистината е дека умот не се интересира за броеви и ништо чудно покрај строгиот режим на крајот да завршите неколку килограми потешки.

Причината е дека човек троши повеќе храна и се чувствува гладен, кога јаде т.н.”здрава храна”, покажуваат новите истражувања.

Научниците од Универзитетот во Остин, Тексас направиле мал експеримент. Тие дале на две групи луѓе пуканки. На едната тест група ѝ објасниле дека тие се “здрави”, а на другата ѝ ја кажале вистината. Учесниците кои верувале дека јадат нешто корисно и ниско калорично изеле два пати повеќе пуканки од другата група. Излегува дека нашиот мозок си игра со “броеви”, предизвикувајќи да се чувствуваме помалку сити, јадејќи храна која ја сметаме за “здрава”, сумираше Џејкоб Суер, еден од авторите на студијата.

Феноменот е потврден и од друга студија. Научниците дале бисквити на други две групи. На едната ѝ рекле дека слатките се здрави, а на другата не. Луѓето кои ги јаделе “најздравите” бисквити на крајот споделиле дека се чувствуваат погладни од учесниците кои знаеле колкава клориска вредност на лакомството.

Луѓето масовно веруваат дека кога се хранат со здрава храна, тие може да примаат поголемо количество. Телото се свикнува со мислата дека тоа му е дозволено и неосетно почнува да сака повеќе и повеќе храна која содржи протеини, масти, влакна и калории, за да ги засити своите енергетски потреби. И тоа се одразува на тежината, но не како што сте очекувале.

Се разбира, овошјето и зеленчукот се важни и корисни, но треба да се внимава со количината. Подобро да бидете попрецизни во големината на порциите и џвакате полека, за да измами умот.