Косата е најбрзо растечкото ткиво во телото.Општо земено, таа расте со малку помалку од 2 сантиметри за еден месец.
Единствениот индикатор за тоа дека овој процес може и да е забавен, е вкупната должина на фризурата.
Оштетувањето на косата може да предизвика дури и скратување или едноставно никаква видлива промена со поминување на времето.
И иако не постојат магични производи кои веднаш ќе го променат тоа, постојат практики кои влијаат позитивно.
Дел од нив се физички вежби, минимизирање на стресот и балансирана, здрава исхрана.
Останатите совети за тоа како да го забрзаме растот на косата, можете да ги видите тука.
Детоксикацијата на скалпот
Кога често го чистите и третирате скалпот со здравствени состојки ќе се снабдите со здрава, убава, сјајна и силна коса. Важно е да ја негувате кожата на главата, бидејќи тоа е основата на вашата фризура. Користете пријателски производи кои нема да влијаат на природното производство на масла од кожата.
Енергизација на корените
Стимулирајте го растот на косата со тоа што ќе го масирате скалпот. Кога скалпот се масира, ја помагате циркулацијата и го стимулирате растот на косата од коренот. Подобрете го ефектот со тоа што кон масажата ќе додадете и етерични масла, кои ќе ја хидраат кожата и негуваат косата.
Намалете го заплеткувањето
Бидете нежни кон косата. Грубата употреба на четката за косата ќе предизвикаат стрес и оштетување. Најдобро е да спиете со врзана коса, бидејќи тоа ќе ве заштити од евентуално заплеткување на купчиња и нема потреба да повлекувате толку при расчешлување.
Престанете да ја злоупотребувате топлината
Сите ја сакаме совршено правата коса, која ја остава зад себе пресата, како и совршените кадрици со фигаро. Сето тоа ја нарушува структурата на влакното, предизвикува истенчување и цвет. Пожелно е да избегнувате премногу честото стилизирање и да ја сушите косата на најнискиот можен степен на фенот.
Додадете протеин
Лошата и неправилна исхрана може да доведе до недостаток на железо, што од своја страна предизвикува кинење на косата или нејзина загуба. Протеините се градбени делови на влакното, па затоа е добро да ги набавуваме преку храната секојдневно. Вклучете пилешко, говедско месо, јајца, ореви, семиња и мешунки во менито.



















