Билни рецепти со кои ќе ја зајакнете слезината

1415

Цикорија

Цикоријата ја чисти слезината и го зајакнува панкреасот. Доброто функционирање на слезината и на панкреасот гарантираат мускулна сила, добро физичко здравје и расположение.

Рецепт: 0,5-1 лажиче исушен корен од цикорија се заливот со 1 чаша топла вода, оставете да отстои 5 до 10 минути и додадете шеќер по вкус.

Пелин

1 лажиче пелин се прелева со 2 чаши зовриена вода и се остава во завиткан сад со крпа 30 минути, потоа исцедете. Овој чај се пие со мед или шеќер по 1/4 чаша 3 пати на ден, 30 минути пред јадење.

Сок од калинка

Се препорачува да се пие подолго времепо половина чаша 3 пати на ден.

Сок од зелка

Пијте сок од зелка – по 1/2 чаша 3 пати на ден, еден час пред јадење (3 дена).

Мајчина душица

Оваа била ја стимулира лимфната циркулација, формирањето на бели крвни клетки, ја инхибира активноста на бактериите, вирусите и на габите.