Читањето на мејловите и пораките, како и следењето на дојдовните и повикувачките повици е најпопуларен начин, на кој родителите ги шпионираат своите деца
Секако сето тоа го прават, бидејќи се загрижени за тоа со кого се дружат нивните деца, што прават и кои сајтови ги посетуваат на интернет.
Неодамнешното истражувањето, спроведено на две илјади родители, чии деца имаат меѓу десет и 17 години, покажува дека дури 61 отсто од родителите сакаа да „душкаат наоколу“.
Шест од десет родители признале дека редовни им ги читаат мејловите, СМС пораките и пораките на Фејсбук на своите деца.
Истражувачите откриле дека и покрај ризикот децата да ги обвинат дека им ја нарушуваат приватноста, повеќето мајки и татковци сметаат дека е неопходно да „душкаат“ по приватните работи на децата.
Истражувањето исто така покажало дека еден од десет родители одат во крајност и ја откриваат лозинката на профилот на детето, на некоја од социјалните мрежи или на имејл адресата, а еден од пет родители се шокирани од содржината, која ја откриваат.
Меѓутоа резултатите покажале дека сепак повеќето родители по „хакирањето“ на приватните податоци на своето дете чувствуваат голема грижа на совеста.
Во современиот свет, во кој живееме и во кој владее технологијата, тешко е постојано да се контролираат и чуваат децата. Затоа родителите користат разни средства за да биат упатени во сите детали на животот на нивните деца.