Безалкохолните диететски пијалаци на тапет

1883

Меѓународен тим од лекари ја обвини популарната замена за шеќер аспартамот, кој се користи во многу диетални безалкохолни како причина за дебелеење на луѓе на диета.

Во комбинација со масна храна аспартамот предизвикува поголемо дебелеење кај глувците. Тој го зголемува нивото на шеќерот во крвта – еден од знаците за развивање на дијабетес.

Експерименти со глувци покажаа дека кога се разградува во дигестивниот систем, аспартамот ги нарушува важните процеси за неутрализирање на штетни токсини произведени од бактерии. Тој го спречува дејството на клучниот ензим цревната алкална фосфатаза и токсините се акумулираат и ја дразнат слузницата. Ова предизвикува воспаление, доведува до хронични болести како дијабетес.

Во комбинација со масна храна аспартамот предизвикува поголемо дебелеење кај глувците, објавуваат агенциите. Тој го зголемува нивотот во шеќерот во крвта – еден од знаците за развивање на дијабетес.

Научниците од институтот Уајзман и Општата болница во Бостон инсистираат да бидат направени истражувања за дејството на аспартамот и со луѓе, со цел да се провери дали е можно во исхраната со ензимот цревна алкална фосфатаза да намалува овој ефект.