Политичарите спијат најдолго

1725

Дел од извонредната репутација на Маргарет Тачер се должеше на тоа колку малку спие. Се смета дека поранешната британска премиерка спиела само по 4 часа на ноќ. Излегува дека таа не е единствената.

Така на пример, “дедото на електричната енергија” Никола Тесла спиел само по 2 часа на ноќ. Италијанскиот политичар Силвио Берлускони дремнува помеѓу 2 и 4 часа. На ова 6-те часа спиење на Барак Обама изгледаат како да го фаќа мрза.

Ново интересно истражување откри некои од најчудните навики за спиење на најуспешните луѓе во светот: повеќето од нив ги затвораат очите за многу пократко од препорачаното.

Основачот на “Мајкрософт” Бил Гејтс спие во просек по 7 часа на ноќ, а на милијардерот Доналд Трамп му се доста само 3-4 часа спиење. За здрав начин на живот лекарите препорачуваат помеѓу 7 и 9 часа спиење секоја ноќ.

И покрај Тачер и Обама, политичарите спијат најмногу од сите други групи во истражувањето. Најмалку спијат луѓето од секторот за маркетинг и односи со јавноста (или PR-ПР). Секторот е водечки бидејќи најголем број луѓе практикуваат под 3-часовен сон на ноќта.

Истражувачите зеле податоци од истражувањето на YouGov на 1401 вработени.