Оптимизмот за вашите финансии може да открие нешто за вашиот начин на размислување

581

Високите когнитивни способности се поврзани со помал финансиски оптимизам и подобро донесување одлуки, сугерира новото истражување.

Една неодамнешна студија предводена од Chris Dawson, економист за однесување на University of Bath, покажа дека финансискиот оптимизам е обратно поврзан со когнитивните способности.

Истражувајќи ги податоците од 36.312 лица во Обинетото кралство, студијата ги спореди нивните очекувања за финансиите на домаќинствата во текот на 12 месеци, со реалните резултати.

Когнитивната способност била проценета со помош на мерки како што се потсетување зборови, вербална флуентност, работна меморија, апстрактно размислување и математичка способност.

По примената на социодемографските и социоекономските контроли, резултатите покажале значајна корелација: поединците со повисоки когнитивни способности имале 38,4 отсто помали шанси да бидат оптимисти и 53,2 отсто поголеми шанси да бидат песимисти во споредба со оние со пониски резултати.

Реализам наспроти оптимизам

Покрај тоа, оние со повисоки резултати на когнитивните тестови имале 22 проценти поголема веројатност да покажат реално размислување, избегнувајќи екстремна позитивност или негативност. Dawson го истакна ова, велејќи дека негативните последици од преоптимистичкиот начин на размислување делумно може да бидат нуспроизвод на вистинскиот двигател на таквото размислување, ниската когнитивна способност.

Додека човечката природа има тенденција да биде оптимистичка, особено во однос на очекуваниот животен век и заработката, овој начин на размислување може да доведе до непромислени одлуки, како што се несоодветни заштеди во пензија. Од друга страна, студијата сугерира дека песимистите, кои често се поврзуваат со повисоки когнитивни способности, може да бидат повешти за објективно финансиско планирање.

Недостатоци на студијата

Податоците, иако не се доволно сеопфатни за да се утврди каузалноста, укажуваат на интригантна асоцијација. Студијата, која беше објавена во списанието Personality and Social Psychology Bulletin, сугерира дека поединците со повисоки когнитивни способности може да се истакнат во умереноста на нереалниот оптимизам и објективно оценување на информациите, што ќе доведе до подобро донесување одлуки.

Dawson, исто така, го признава фокусот на студијата на финансискиот оптимизам, но ги сугерира неговите пошироки импликации, истакнувајќи дека когнитивната способност исто така може да објасни зошто оптимистите не преземаат мерки на претпазливост надвор од финансиската област, како што е откажувањето од пушење.