Баба „избегала“ од дом за да си направи тетоважа | Видео

124

Седи Селерс е 79 годишна бабичка на чиј младешки дух можат да и подзавидат многу помлади личности.

Немајќи начин како да се грижи за неа, нејзиниот син ја сместил во дом за стари лица каде секојдневно ја посетувал.

Сепак еден ден бил непријатно изненаден кога не ја нашол во нејзината инвалидска количка.

Селер го напуштила домот со нејзината 22-годишшна внука Саманта за да може да ја нарави нејзината прва тетоважа.

Таа им објаснила на новинарите дека започнала да размислува за украсување на телото откако ги видела тетоважите на нејзината внука.

Штом решила што сака и ѝ кажале дека тоа ќе трае одвај 5 минути воопшто не се двоумела да го испланира тоа бегство со својата внука.

Сега таа гордо ја покажува тетоважата во форма на срце на левото рамо, велејќи дека воопшто не ѝ е грижа што ќе каже нејзиното семејство за тоа.