Која е Дијана Ѓоковиќ? Хрватица која го запознала таткото на Новак додека скијала

472

СЕМЕЈСТВОТО на Дијана Ѓоковиќ, мајката на Новак Ѓоковиќ, по потекло е од Винковци. Нејзиниот татко и мајка се родени во Славонија, но во младоста и двајцата се преселиле во Белград, каде се венчале и каде е родена мајката на Новак.

„По националност сум Хрват и сум роден во Винковци. На истото место е родена и мојата поранешна сопруга, бабата на Новак. Таму и се запознавме. Бевме офицери кои дошле на служба. Јас дојдов во Белград, а таа одеше на училиште, па подоцна се венчавме кога ми се придружи. Така се роди Дијана, па Санда. Секогаш велев дека сум Југословен или Хрват, никогаш не сум бил Србин. Дијана е родена и порасната во Белград“, изјави дедото на Новак, Зденко Жагар, во неодамнешното интервју за Nova.rs.

Зденко Жагар

Потоа збореше за Новак.

“Нормално е дека ќе биде наклонет кон Србите и немам ништо против тоа. Немаше да помине ништо подобро во животот да се кажеше дека е Хрват. Ниту тоа никој немаше да го прифати. Би го посакувале и едните и другите. Пред некој месец ме повика една братучетка за да ме праша каде е родена Дијана. Значи, и во Хрватска се расправа за тоа“, додаде Зденко, кој извесно време не е во контакт со ќерката бидејќи тој и нејзината мајка се развеле.

“Дијана ме обвини за разводот и не може да ми го прости тоа. Мислам дека за развод секогаш се потребни двајца. Колку што е крив мажот, толку е виновна и жената. Сепак, ќерка ми не можеше да го разбере тоа и целосно се оддалечи од мене“, откри тој.

Се запознале на скијање

Дијана и Срѓан Ѓоковиќ се во брак 35 години, а се запознале на Копаоник каде тој бил инструктор по скијање.

“Таа дојде да скија и да полага испит за ски инструктор, а на крајот остана насанкана. Ја видов во син комбинезон, ја забележав и нејзината фигура. Отпрвин не можев да ја заведам, ми требаа неколку дена убедување, но конечно успеав“, изјавил во една прилика Срѓан.

Дијана откри и како неговите реагирале на нејзиното хрватско потекло.

“Имавме малку време да се запознаеме, но секако се запознавме со родителите, никој ништо не криеше. Сигурна сум дека и неговите родители повеќе внимание посветиле на тоа од каде доаѓам. Во еден момент дури станав „пејачка“ затоа што сестрата на починатата мајката на Срѓан била глува. Имено, кога мајката на Срѓан ѝ кажала дека сум Хрватица, ѝ се причуло дека сум пејачка“, рече таа.

www.index.hr