НАУЧНИЦИТЕ ПРИЗНАВААТ / Веќе извесно време, од вселената доаѓаат сосема непознати сигнали: ‘Она на што сме сведоци не е нешто што го знаеме!’

1671

Сигналот може да потекнува од сосема нов вид небесен објект, се вели во извештајот на тим од Универзитетот во Сиднеј.

Истакнати астрономи откриле дека веќе извесно време примаат необични радио сигнали кои доаѓаат од центарот на Млечниот Пат. Овој феномен целосно ги збуни истражувачите бидејќи не се совпаѓа со ниту еден познат до сега астрофизички радиоизвор, пренесува порталот Science News.

Меѓународен тим од Универзитетот во Сиднеј, предводен од Ziteng Wang, се обидел да открие за што може да се работи и забележал во извештајот дека сигналот можеби потекнува од нов вид небесен објект.

Истражувачкиот тим е првиот што го собра сигналот со скенирање на небото со помош на радиотелескопот ASKAP во Австралија, и се појавил четири пати по ред за само неколку недели, вели коавторката на истражувањето Tara Murphy.

Потоа исчезнал, но повторно се појавил неколку пати неколку месеци подоцна.

„Понекогаш изгледа како да останува вклучен, може да се детектира со денови, па дури и недели, а понекогаш може да се вклучи и исклучи за еден ден, што е исклучително брзо за астрономски објект“, рече професорот Murphy.

Постојат многу видови ѕвездени објекти кои емитуваат светлина и/или други видови електромагнетно зрачење, како што се радио бранови, во различни форми. И овој сигнал ни сугерира дека и тој непознат извор ротира околу својата оска.

„Отпрвин мислевме дека е пулсар (тип на неутронска ѕвезда со силно магнетно поле и брза ротација), а расправавме и за голема eвезда на ерупција. Сепак, сигналите од овој нов извор не одговараат на она што би очекувале од познати ѕездени објекти“, објасни Wang.

Објектот е исто така многу уникатен по тоа што на почетокот беше речиси невидлив, за потоа да стане посјаен и речиси да исчезне повторно. Потоа повторно се појавува, и таквото однесување е забележано шест пати во текот на деветте месеци од 2020 година.

Научниците потоа се обидоа да го лоцираат изворот на радио сигналот во спектарот на видливата светлина, но не успеале. Дури и со дополнителна помош на радиотелескопот Parkes, изворот не можел да се најде.

„Тоа напросто ги исклучува скоро сите астрономски објекти за кои знаеме“, рече професорот Murphy, чии зборови ги пренесува Science News.