Тајните на страста ! Неколку едноставни финти што мажите ги обожаваат

390

Малку фантазија, малку храброст и малку игра – понекогаш токму тоа е доволно за да се разбуди страста во врската. Според многу парови, неколку едноставни трикови можат целосно да ја променат атмосферата во спалната.

Преземете иницијатива

Мажите сакаат кога партнерката знае што сака. Спонтаната иницијатива знае пријатно да ги изненади и веднаш да ја подигне атмосферата.

Десерт во спалната

Шлаг, чоколадо или овошје – малку креативност може да ја направи играта меѓу партнерите уште послатка.

Играње улоги

Костимите и фантазијата се омилен зачин во љубовниот живот на многу парови. Малку актерска игра носи нова возбуда.

Поза 69

Една од омилените пози кај многу парови, затоа што овозможува взаемно уживање во ист момент.

Масажа што води кон страст

Опуштена масажа со лосион или масло може постепено да создаде романтична и сензуална атмосфера.

Ушите – чувствителна зона

Кај многу мажи ушите се силна ерогена зона, па малку внимание на тој дел може да ја зголеми возбудата.

Комплимент што пали

Искрената пофалба знае да направи чуда – таа ја зголемува самодовербата и ја засилува страста.

Малку повеќе темперамент

Некои парови сакаат поенергична и подинамична интимност. Клучот е сè да биде со заемна желба и разбирање.

Провокативни зборови

Флертот и малку „безобразен“ разговор често ја разгоруваат фантазијата.

Новитети во спалната

Интимните помагала можат да внесат разновидност и нови искуства во љубовниот живот.