Помага ли навистина за слабеењето водата со лимон?

1149

Ѕвезди како Гвинет Палтроу не престануваат да трубат дека слабеат благодарение на едноставни пијалаци како вода со лимон.

Во многу материјали низ медиумите оваа течност е дефинирана речиси како магична при диети, но има ли научни основи за тоа?

“Топлата вода со лимон сама по себе не може да ви помогне да губите телесна тежина”, категорична е Алиса Ремзи, портпарол на Академијата за здрава исхрана и диети. Ако сепак ја пиете оваа течност наместо некој друг калоричен пијалок, ќе заштедите калории што во долготраен план ќе доведе до логично намалување на тежината.

Консумирањето на топла или ладна вода (овкусена или не со лимонов сок) го стимулира метаболизмот, бидејќи ја одржува хидратацијата на телото и помага за правилно функционирање на системите во него. Ако не сакате да пиете чиста вода, поставувањето на малку лимон во неа е одличен начин да ѝ додадете вкус, но не и калории.

Во вашиот план пиењето вода со лимон може да го намали отокот на стомакот, бидејќи цитрусното овошје има благо диуретично дејство. Во случај да отокот на стомакот ви е хроничен сепак, е подобро да се посоветувате со лекар и да ги промените своите прехранбени навики, откако ќе се утврди причината за тоа.

Исто така не се држете до земањето на вода со лимон, ако почувствувате печење зад градната коска или киселински рефлукс, бидејќи цитрусовите компоненти во лимоните само ќе ги изострат симптомите, советува Ремзи.