Традиционални јадења од ориз

2792

Сутлијаш

Сутлијашот е еден од најстарите десерти коишто се подготвуваат од ориз. Се подготвува со млеко, но кога нема млеко, оризот може да се вари само со вода и тогаш десертот се вика зерде.

Потребно

  • Ориз
  • Млеко
  • Шеќер по вкус
  • Пакетче ванилин шеќер
  • Чоколада за готвење
  • Цимет

Подготовка

Односот на оризот и млекото е 1:4. Наместо четири дела млеко може да се употребат два дела млеко, а два вода. Во тенџере се ставаат млекото (млекото и водата) и шеќерот да зовријат, па се додава оризот и постојано се меша додека да се згусти. При крај се додава ванилин шеќер. Откако ќе се свари, содржината треба малку да одмори во тенџерето, па потоа се истура во чинии и озгора се ренда чоколадо и се наросува цимет.

Пилав

Потребно

  • Ориз
  • Вода
  • Масло
  • Сол

Подготовка

Се става водата да зоврие. Пред да зоврие се додава малку масло или маргарин и сол. Потоа се додава оризот и се вари на тивок оган, со постојано мешање, додека водата целосно не испари.

Посебно се загрева масло и со него се попарува оризот. Соодносот на водата и оризот е 1:2 затоа што потоа се додава зејтин, кој исто така се впива во оризот. Откако ќе се свари се остава содржината во тенџерето покриено со капак. Откако малку ќе се излади, се сервира во чинии и озгора по желба се ренда сирење.