Сигурни симптоми на спонтан абортус

126

Спонтаниот абортус е нешто што ниедна свесно бремена жена која сака да го износи своето бебе не сака да ѝ се случи. Кошмарот е ужасен, а психолошките последици тешки.

Кои се симптомите на спонтан абортус?

Крварење

Крварењето е меѓу најсилните знаци дека нешто не е во ред со бременоста. Без разлика дали е мало или силно, треба да се консултирате со лекар веднаш, за да исклучат сите можни сценарија.

Обилното крварење во повеќето случаи неизбежно говори за спонтан абортус.

Грчеви

Грчевите се вид контракции или контракција на мускулното ткиво на матката, која се обидува да го истурка мртвиот плод.

Ако бремената жена чувствува слични симптоми, тие можат да укажуваат за спонтан абортус. Грчевите може да се придружени со болки во стомакот и во грбот.

Понекогаш овие симптоми се совпаѓаат со лажните контракции на Брекстон Хикс . При сите случаи консултацијата со лекар е задолжителна.

Остри и постојани болки

Ако матката се обидува да го турне плодот, ќе чувствувате остри болки во стомакот и грбот, кои нема да стивнат. Болките поминуваат од акутна кон тапа форма и обратно, но не исчезнуваат.

Гадењето исчезнува

Утринското гадење е карактеристично во почетните месеци од бременоста. Кај некои жени тоа продолжува и во напредната бременост.

Ако одеднаш гадењето исчезне и се присутни горенаведените симптоми, многу веројатно е дека имате спонтан абортус.

Едноствано чувствувате дека не сте бремени

Покрај сето останато, желбата за често мокрење, тензиите во градите, заморот и сите типични симптоми на почетната бременоста се исчезнати.