Тој е крал на народот Ewe, но работи како механичар во Германија

2482

King Togbe Ngoryifia Cephas Kosi Bansah (71) отишол во Германија откако неговиот дедо кралот му рекол дека мора да замине. Кога дедо му умрел, тој го наследи. Но, со неговиот народ владее од својата соба и тоа преку Skyp.

Cephas Bansah е еден африкански монарх кој работи како механичар во Германија. Со неговите поданици владее преку Sykp. Cephas е главен и духовен лидер на народот Еве и помага во управување на територијата на која живејат два милиони луѓе, пишува Daily Mail.

Тој е роден во Гана, но дошол во Германија во 1970 година, а потоа во 2000 година се оженил со неговата сопруга Габриеле. Тие имаат две деца. Во Германија, тој отишол по налог на својот дедо кој бил крал и наредил дека морал да оди во таа земја за да се образува за механичар.

Откако го завршил училиштето и имал добиено државјанство во својата гаража во Лудвигсхафен отворил работилница.

Тој живеел мирно се до1987 година, кога примил факс кој го променил неговиот живот. Неговиот дедо умрел, а татко му и чичко му не можеле да биде кралеви, бидејќи тие биле „леваци„ што за народот Еве ги сметал за “нечисти”. Гана ја посетува околу осум пати годишно. Се занимава со проекти како што се изградба на училишта, како и собирање на средства за изградба на затвор на жените. Собира пари со продажба на пиво кое го нарекол Akosombo.

Кралот Бансах е сликан со неговиот син Карло Бансах (лево), неговата ќерка Катарина Бансах (во средина) и неговата сопруга Габриеле Бансах (десно).

Кралската функција е многу важна

Еве народот, живее во јужна Гана и Того. Тие зборуваат на јазикот на Еве, кое е сроден со други народи, кои зборуваат на јазици GbE како што се ФОН и Аја во Того и Бенин. Тие најчесто се христијани, но тие се и вуду.

King Togbe Ngoryifia Cephas Kosi Bansah

Бансахи има мал вуду храм со знак кој вели дека има желба Михаел Шумахер да се опорави брзо. Иако Гана денеска е демократска република, својата традиционалните кралеви и натаму имаат многу важна функција во државата.