Русин, кого го нападнала мечка, ползел осум километри низ тајгата и три недели чекал помош

1595

Во Краснојарскиот крај во Русија (Сибир) еден ловец, кого го нападнала и повредила мечка, успеал со ползење да помине четири километри за осум часа и да стигне до ловечката куќичка на својот пријател во тајгата и, бидејќи не го нашол, му оставил белешка во која бара помош.

Потоа се вратил така повреден и речиси три недели чекал помош во својата куќа.
Ова го соопшти регионалната управа на МВР, пренесуваат руските медиуми.

Како што се наведува во соопштението, на 19 ноември до дежурната полициска станица се обратил локален жител, кој изјавил дека во неговата ловечка куќа пронашол порака од познаник напишана на белешка. Пријателот му напишал дека на 31 октомври бил нападнат и повреден од мечка, поради што едвај се движи и не може сам да стигне до сигналот на мобилната телефонија.

Повредениот напишал дека секој час се чувствува сé полошо и замолил да му помогне да излезе од тајгата, напоменувајќи дека помош ќе чека во својата ловечка колиба, кој се наоѓа на 170 километри од селото Богучани. Тој побарал од пријателот да му се обрати на извесен Тољан да го земе, „инаку ќе умре“ и му ветил дека ќе му се одолжи со две буриња бензин.

Полицијата и спасувачите веднаш се упатиле кон местото наведено во пораката и таму го пронашле ловецот. 58-годишниот маж рекол дека поставувал стапици за куни, а кога дошол до куќата видел како од неа излегува мечка.

Животното кое било исплашено од кучињата го соборило ловецот кој во таа прилика се повредил. Мажот успеал да стигне до куќата на својот пријател, да остави порака на белешка и да се врати во својата куќа, каде што чекал помош 20 дена.

На повредениот на лице место му била укажана прва помош, по што бил пренесен во регионалниот медицински центар. Не е во животна опасност.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.