Каков сум баксуз, јас да се разведам, мене свекрвата би ми паднала

247

СВЕ … КРИВА … (СВЕКРВА)

Па што знам … Моето искуство е катастрофално … Пред бракот ја сретнав таа “прекрасна” жена … мајка на моето момче … сегашен сопруг …

Таква само тогаш ја познавав … За жал …

Многу пати се прашував дали можеби јас сум виновна за таа подоцнежна врска … и сфатив дека не сум … затоа што каква што бев… таква и сум… А таа глумеше … и тоа многу добро …

Дојдов … и се радував што дојдов во таа куќа … во куќата на мојата најголема љубов …

И веднаш почнаа проблемите …

Одоколу почна да се меша во мојот брак …

Би можела да напишам роман за она што го доживеав за кратко време … но ќе го кажам она најважното …

Таа “прекрасна” жена се претворила во обична свекрва … на која сè живо ѝ недостасува … која секогаш и за сè, знае најдобро … сè поминала … преживеала … доживеала … и она што не го доживеала… таа тоа го знае подобро … Таа се обидуваше да ме промени … Да ме научи поинаку да готвам и средувам … Јас … чија мајка е готвач по професија …
Таа ги исфрлаше своите отровни коментари онака попатно за сè и секого … Сè што купив за куќата … за неа беше кич …
Многу молчев… и многу голтав … и тогаш превирањата во куќата станаа сè почести …
Една жена … која има ќерка и чија ќерка заминала од свекрвата и живее приватно … од мене очекуваше токму тоа што нејзината ќерка оставила и заминала да живее приватно? !!!
Но, јас не сум нејзината ќерка … Јас сум снаа … А снаите мора да слушаат …
НО, ЈАС НЕ … НИТУ САКАВ, НИТУ ТОГАШ НИТУ СЕГА НИТУ НИКОГАШ … И тука настана проблемот…
При тоа … имам свое мислење … не можам и не сакам да молчам … и кажувам што мислам … и го правам она како што мислам, а не како другите ќе ми кажат …
Инаку … Јас работам речиси половина од мојот живот … секогаш сум имала работа, заработував … за разлика од нејзината ќерка … за неа секоја работа беше премногу тешка… таа не се снаоѓаше … не се вклопуваше … и полесно ѝ беше да дојде кај мама и тато, братот и снаата и да го собере она што ѝ треба … и така со години …
Сѐ додека јас тоа не го забележав …
И за тоа, се разбира, ја обвинувам свекрвата … затоа што … ја разбирам како мајка … се разбира дека ја разбирам … жал ѝ е за своето дете кое го нема … но да зема од друго дете … односно, од синот и снаата кои се борат и работат … и да носи на ќерка ѝ која не сака ниту да се обиде да најде работа … а камоли да работи … Е, тоа веќе не го разбирам … Никако …
Ниту едно од моите работни места не беа тешки … За неа … на мојата свекрва … секоја работа ми била лесна … и работев сè … само онака …
А само јас знам колку на некои работни места се мачев… колку пукаше кичмата … колку бев уморна од првата … втората … дури и третата смена …
Но, не … Јас сум снаа … Морам да издржам. Јас не сум ничија ќерка … односно, не сум нејзината …
Сѐ можам да разберам … но тие некои нешта никако … и да сакав … Јас никогаш не можев покрај неа таква да се опуштам … При тоа … дознав дека претурала по моите работи … по ташната … и таа … а веројатно и нејзината ќерка … пошто пијат кафе секој ден … и кој знае што сѐ додека не сум тука … Невработени и двете …
Некои работи сум ги кажав на мојот сопруг … и му докажав … Не му беше право … Јас чувам многу работи … и знам … ако истурам на маса сѐ што знам … ќе пукне …
И го чекам вистинскиот момент …
Јас го избегнувам … но го чувствувам … и знам дека е близу … да кажам дека ЗНАМ …
Сѐ ЗНАМ …
Животот во заедница е УТКА …
Навистина … на млад пар му е потребна помош … но слободата е многу повеќе потребна …
Има многу изгубени нерви … многу голем јаз меѓу генерациите … Многу нешта од она што на една млада двојка не им дозволува да се опуштат и да ги уживате тие први заеднички моменти …
Уште ако свекрвата е како мојата… тогаш е полесно да работите во рудник и да се мачите отколку да го прифатите животот со лице кое врши притисок и при тоа е хипохондрик … на која ѝ е важно само таа да биде во ред, а сите други околу неа не се битни …
Јас навистина верувам дека постојат добри свекрви … Веројатно ги има … и можно е дека постојат … но за жал многу малку … и многу повеќе има од овие другите … За жал …