НАМАЛЕТЕ ЈА ХИПЕРТЕНЗИЈАТА СО ХРАНА | Високиот крвен притисок може да се намали со помош на пет намирници

778

ВИСОК крвен притисок или хипертензија се јавува кога силата на крвта, која притиска врз ѕидовите на крвните садови, е постојано превисока.

Често се нарекува „тивок убиец“ бидејќи личноста обично не е свесна дека нешто не е во ред, а „штетата“ сè уште се прави во телото. Крвниот притисок има два броја. Највисокиот број е систолниот крвен притисок, кој го мери притисокот на ѕидовите на крвните садови кога срцето се собира. Понискиот број е дијастолниот крвен притисок, кој го мери притисокот врз нашите крвни садови помеѓу отчукувањата, кога срцето се релаксира (опушта).

Нормален крвен притисок се смета за 110/70 mm Hg, додека притисокот од 135/85 е фаза 1 или лесна хипертензија.

Храната богата со калиум и магнезиум го намалува високиот крвен притисок

Лековите, вклучително и инхибиторите на ангиотензин-конвертирачкиот ензим (ACE), најчесто се користат за намалување на нивото на крвниот притисок. Сепак, промените во животниот стил, особено промените во исхраната, можат да помогнат да се намали нивото на крвниот притисок на оптимално ниво, а со тоа да се намали ризикот од срцеви заболувања.

На сите луѓе со висок крвен притисок, како и на оние кои земаат лекови за крвен притисок, лекарите им препорачуваат да јадат здрава исхрана за срцето. Ова ја вклучува, пред сè, храната богата со специфични хранливи материи како што се калиум и магнезиум.

Докторски совет за одржување на нормален крвен притисок

Лекарите секогаш даваат совети засновани на докази за ефектите на храната врз високиот крвен притисок и препорачуваат:

  • Јадете повеќе риба, јаткасти плодови и мешунки
  • Обидете се да согорите барем онолку калории дневно колку што внесувате
  • Јадете повеќе зеленчук и овошје наместо слатки или солени закуски
  • Изберете леб, тестенини и друга храна богата со јаглени хидрати направени од цели зрна наместо високо рафинирано бело брашно
  • Јадете овошје наместо да пиете овошен сок
  • Користете незаситени масти како маслиново масло, масло од репка, масло од соја, масло од кикирики, масло од пченка наместо путер, кокосово масло или масло од палмини зрна
  • Изберете свежа или замрзната храна наместо конзервирана и преработена храна
  • Изберете храна со ниска содржина на натриум секогаш кога е можно, што значи да користите билки, зачини, оцети и други ароми со ниска содржина на натриум наместо сол.

Пет достапни намирници кои го намалуваат високиот крвен притисок

Продолжува на страна 2