Ефектна грижа за отворени пори

134

Склоноста кон маснотија, староста, неправилната исхрана, употребата на несоодветна козметика се само дел од факторите кои влијаат на состојбата на кожата.

Помрсните кожи се карактеризираат и со видливо поголеми пори.

Добро е што има голем број на природни методи кои можат да ја направат нивната видливост помала, истовремено додаваат повеќе сјај и свеж изглед на кожата. Видете кои се.

Тоник за лице со невен и камилица

Постојат голем број на билки кои можат да помогнат за намалување на порите и освежување на тенот на кожата. Невенот и камилицата се едни од нив. Направете си напивка со овие билки и оставете ја да се олади.

Потоа со помош на памучен тампон втријте нежно во претходно исчистена кожа без да плакнете. Оваа грижа одлично ќе ја тонизира кожата.

Желатинска маска

Во чинија измешајте 1 лажица. желатин, 2 лажици млеко и добро промешајте. Потоа ставете ја смесата во микробранова печка за околу 15 секунди.

Почекајте да се излади малку и ставете ја на претходно исчистена кожа (маската треба да биде пријатно топла, не и жешка). Чекајте 15-20 минути, а потоа внимателно излупете ја маската од лицето. Конечно исплакнете со ладна вода.

Мелез за лице со мед

Еден незаменлив производ во грижата за убава кожа е медот. Тој ја хидрира кожата во длабочина, ја потхранува и помага за намалување на порите. За да си направите мелез, комбинирајте 1 лажица зашеќерен мед со неколку капки сок од лимон.
Масирајте ја нежно претходно исчистената кожа на лицето и оставете да делува 10 минути. Потоа исплакнете со вода.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.