Четири вегетаријански храни со висока содржина на железо

1475

Без разлика дали сме вегетаријанци, или минуваме кон исхрана без месо за некое време, многу е важно да сме сигурни дека конзумираме доволно железо.

Според националните здравствени институти препорачаниот внес на железо за возрасни е меѓу 8 и 27 мг дневно, како за постарите жени и оние кои се бремени или дојат, треба повеќе.

Иако месото често е меѓу главните извори на железо, има многу други алтернативи кои содржат истото количество железо или дури и повеќе. Па нема потреба да се откажуваме од вегетаријанската исхрана, бидејќи овие храна лесно ќе го зголемат внесот на железо.

Спанаќ

Темниот лиснат зеленчук, особено спанаќот, обезбедува голема количина железо. Три чаши спанаќ, на пример содржат околу 18 мг железо. Со тоа можеме да го обезбедиме препорачаното дневно количество од овој елемент само со една дарежлива спанаќна салата.

Брокула

Не само дека брокулите се полни со железо и други клучни хранливи материи како витамин К и магнезиум, но исто така имаат висока содржина на витамин Ц, кој помага за апсорпција на важниот елемент во организмот.

Леќа

Само во една чаша леќа има повеќе железо отколку во една средно голем стек. Леќата е одличен извор и на диететски влакна, калиум и протеини. Можеме да додадеме леќа и кон салатата или да си приготвиме супа од неа.

Печен компир

Еден голем печен компир содржи исто тала количество железо. Можеме да го приготвиме со јогурт, сои брокула и малку стопено сирење и така ќе добиеме вкусна вечера.