Драматично предупредување од климатолог | “Ветеровите се побрзи, потребна ни е нова категорија”

648

Една нова студија сугерира дека петте постоечки категории не се доволни за да се опише силата на ураганите што се случуваат на сè потоплата Земја.

Тековната Saffir-Simpson Hurricane Scale ги категоризира бурите според брзината на ветерот.

Имено, најблагата категорија 1 вклучува брзина на ветер од 119 до 153 км/ч, додека најсилната категорија 5 ја вклучува брзината на ветерот од 251 км/ч нагоре. Но, сега е познато дека топлите океани ги зајакнуваат ураганите бидејќи бурите полесно ја црпат влагата од потоплите океани.

Тоа значи повеќе врнежи и посилни ветрови кога бурите удираат на копно. Како што се зголемуваат температурите на океаните и поттикнуваат посилни урагани, можеби ќе биде неопходно да се додаде категорија 6 за да се опишат бури со брзина на ветер поголема од 309 km/h.

Го потценуваме ризикот

„Нашата мотивација е повторно да размислиме дали скалата Saffir-Simpso може да доведе до потценување на ризикот, особено кога ова потценување станува сè попроблематично во светот што се загрева“, вели климатологот и ко-автор на студијата Michael Werner од Lawrence Berkeley National Laboratory (California, USA).

Научниците прво ја анализирале брзината на ветерот во ураганите помеѓу 1980 и 2021 година, следејќи ги трендовите со текот на времето. Откриле дека пет бури имале брзина на ветер поголема од 309 км/ч и дека сите се случиле во деветте години пред 2021 година.

Тие потоа направиле симулации за да видат како идното затоплување може да влијае на ураганите и нивните пацифички варијанти, тајфуните. Тие откриле дека ризикот од тајфуни со ветрови поголеми од 309 km/h се зголемил за 50% во близина на Филипините со зголемување на температурата за 2°C од прединдустриските температури. Оваа температура е прагот што потписниците на Парискиот договор се обврзале дека нема да го преминат.

Сé поголеми ризици

Ризикот од бура со ветрови поголеми од 309 км/ч може да се удвои и во Мексиканскиот залив. Филипините, Мексиканскиот Залив и Југоисточна Азија најмногу se изложени на бури од 6-та категорија.

„Скалата на ураганите Saffir-Simpson е исто така ограничена поради својот фокус на брзината на ветерот, додека може да има висок ризик од поплави за време на тропски бури, урагани и тајфуни“, тврди климатологот James Kossin од University of Wisconsin (USA), и вели дека 6-та категорија нема да го реши тој проблем, но може да ја подигне свеста за зголемениот ризик од бури воопшто во услови на глобално затоплување.

  • „Нашите резултати не значат дека предлагаме промени на таа скала, туку да ја подигнеме свеста дека опасноста од ветер во бурите моментално означени како категорија 5 се зголемила и ќе продолжи да се зголемува под влијание на климатските промени“, заклучува Kossin.