Создадено првото дете со вештачка интелигенција | Комуницира, учи и донесува одлуки | Видео

260

Идејата за правење деца роботи, прикажана во американскиот научно-фантастичен филм A.I. Artificial Intelligence (2001.) на Steven Spielberg, со Haley Joel Osment и Jude Law во главните улоги, набрзо ќе стане реалност.

Имено, група кинески научници тврдат дека го создале првото „дете со вештачка интелигенција“ во светот, ентитет што покажува однесување и способности слични на човечко дете на три или четири години.

Tong Tong (Малото девојче) се смета за огромен чекор кон вештачката општа интелигенција (AGI). Претставена на саемот за технологија за вештачка општа интелигенција, се вели дека иновативниот модел на вештачка интелигенција е способен за автономно учење и може да демонстрира ниво на емоционална ангажираност досега невидено во развојот на вештачката интелигенција.

Има свои вредности и идеали

Неговите креатори во Beijing Institute of General Artificial Intelligence (BIGAI) тврдат дека Tong Tong постојано ги подобрува своите вештини и знаења преку човечка интеракција и истражување.

Tong Tong поседува ум и се стреми да го задржи здравиот разум што и го дале луѓето. Го разликува доброто од лошото, ги изразува своите ставови во различни ситуации и има моќ да ја обликува иднината“, објавено е во промотивното видео прикажано за време на изложбата.

За време на минатомесечната изложба во Пекинг, посетителите можеле да комуницираат интерактивно со Малото девојче и да го набљудуваат нејзиното однесување.

На пример, кога е програмирана да претпочита уредно опкружување, таа ќе исправи искривена фотографија на ѕидот, па дури и ќе донесе стол за да се качи ако сликата е превисока. Ако некој истури млеко за време на симулацијата, таа ќе донесе крпа за да исчисти.

Сепак, една од главните работи што ја разликува Tong Tong од другите суштества со вештачка интелигенција е тоа што таа има моќ самостојно да си доделува задачи врз основа на сопствените вредности и идеали.

Широк опсег на вештини

Неговите креатори тврдат дека е способна за автономно учење и дека има своја радост, гнев и тага.

Малото девојче може да комуницира со луѓето преку изрази на лицето, гестови и разговори. Таа е способна да препознае и да пренесе различни чувства како среќа, лутина и тага, како и соодветно да реагира на емоционалните состојби на другите.

Иако моментално има способности и однесување на три или четиригодишно дете, Tong Tong постојано се развива и се подобрува.

„За да напредуваме кон општата вештачка интелигенција, треба да создадеме ентитети кои можат да го сфатат реалниот свет и да поседуваат широк опсег на вештини“, заклучува директорот на BIGAI, Zhu Songchun.