НАМАЛЕТЕ ЈА ХИПЕРТЕНЗИЈАТА СО ХРАНА | Високиот крвен притисок може да се намали со помош на пет намирници

1630

1. Агруми

Цитрусните овошја, како што се грејпфрутот, портокалите и лимоните, можат да имаат моќни ефекти за намалување на крвниот притисок. Тие се богати со витамини, минерали и растителни соединенија, кои можат да помогнат во одржувањето на здравјето на срцето со намалување на факторите на ризик за срцеви заболувања како што е високиот крвен притисок. Петмесечното истражување, во кое учествувале 101 Јапонка, покажало дека секојдневното внесување сок од лимон во комбинација со одење има значително влијание врз намалувањето на горниот крвен притисок. Истражувачите го припишуваат тој ефект на содржината на лимонска киселина и флавоноиди во лимоните. Сокот од портокал и грејпфрут го имаат истиот ефект, но тие можат да ги спречат вообичаените лекови за намалување на крвниот притисок, па сепак е неопходно да се консултирате со лекар.

2. Блитва

Блитвата е лиснат зелен зеленчук полн со хранливи материи кои го регулираат крвниот притисок, а особено е богат со калиум и магнезиум. Шолја или 145 гр варена блитва обезбедува 30 проценти од дневните потреби за калиум и магнезиум. Кај луѓето со висок крвен притисок, секое 0,6 g дневно зголемување на калиумот во исхраната било поврзано со 1,0 mm Hg намалување на горниот крвен притисок и 0,52 mm Hg намалување на понискиот крвен притисок. Магнезиумот е од суштинско значење за регулација на крвниот притисок, бидејќи помага да се намали крвниот притисок преку неколку механизми, вклучително и делувањето како природен блокатор на калциумовите канали, кој го блокира движењето на калциумот во срцето и артериските клетки, дозволувајќи им на крвните садови да се релаксираат.

3. Семки од тиква

Семките од тиква се многу важни во исхраната. Тие се концентриран извор на хранливи материи важни за контрола на крвниот притисок, како што се магнезиум, калиум и аргинин, амино киселина потребна за производство на азотен оксид, кој е неопходен за опуштање на крвните садови и намалување на крвниот притисок. Маслото од семки од тиква, исто така, се покажа како моќен природен лек за висок крвен притисок. Студијата на 23 жени покажа дека дополнувањето со три грама масло од семки од тиква дневно во текот на шест недели доведува до значително намалување на крвниот притисок.

4. Мешунките

Мешунките, особено гравот и леќата, се богати со хранливи материи кои помагаат во регулирањето на крвниот притисок, како што се влакна, магнезиум и калиум. Бројни студии покажаа дека јадењето грав и леќа може да помогне во намалувањето на високиот крвен притисок. Неколку студии покажаа дека гравот и леќата, кога се заменуваат со друга храна, значително го намалуваат систолниот или горниот крвен притисок кај луѓето кои страдаат од хипертензија, како и кај оние кои го немаат тој здравствен проблеми.

5. Моркови

Крцкавите, слатки и хранливи, морковите се главен зеленчук во диетите на многу луѓе. Богат е со фенолни соединенија, како што се хлорогените, п-кумарните и кофеинските киселини, кои помагаат да се релаксираат крвните садови и да се намали воспалението, што може да помогне во намалувањето на нивото на крвниот притисок. Иако морковот може да се јаде варен или сиров, сировиот е покорисен за намалување на високиот крвен притисок. Ова го докажала студија во која биле вклучени 2.195 луѓе на возраст од 40 до 59 години. Анализата покажа дека сировиот морков значително го намалува крвниот притисок. Исто така, свежиот сок од морков делува и на намалување на систолниот притисок.