Хороскопски знаци секогаш ќе ви бидат рамо за плачење

1012

На сите им треба поддршка од луѓето, особено од најблиските.

Понекогаш доволно е само сознанието дека некој се грижи за вас и сака да ви помогне да го пребродите тешкиот период и да се чувствувате подобро.

Овие хороскопски знаци секогаш ќе ви бидат потпора и рамо за плачење…

Овен

Ја искажуваат поддршката така што често проверуваат како сте. Не дозволуваат да помине премногу време пред повторната средба. Можеби нема да ви се јавуваат секој ден, но штом помислите дека не сте се чуле подолго време, тие ќе ве побараат.

Близнаци

Кога минувате низ тежок период или имате некаков проблем, понекогаш многу е тешко да ја избистрите главата. Близнаците точно знаат кои прашања треба да ви ги постават за да ви помогнат. Тие продираат до коренот на проблемот и ви помагаат да смислите решение.

Риби

Рибите се исклучително интуитивни и точно знаат каква поддршка ви е потребна во одреден момент. Многу се грижливи, па секогаш ќе ви дадат совет. Кога ќе ве прифатат и сместат во своето срце, тешко дека некогаш ќе ви го свртат грбот. Ако ви притреба нивната помош, тие ќе бидат тука за вас.

Продолжува на страна 2