Како на децата да им се ограничи употребата на мобилните телефони

1698

Кои се ѕвездите чии онлајн објави ги хипнотизираат децата и младите преку Интернет? Дали се тоа соодветни модели? Дали милионите следбеници, прегледи, допаѓања и споделувања, како индикатори за популарноста, во хиерархијата на таканаречените инфлуенсери го оправдуваат зголемениот интерс за статусот на детските идоли? Пред што капитулиравме како родители и што можеме да сториме, кога веќе не успеавме да го спречиме стампедото на тинејџерите на средба со тиктокерите или јутјуберите?

Лавината на прашања при средбата на основците со тикток ѕвездата Сара Дамњановиќ, која ја одбележа минатогодишната Недела на децтето и уште еднаш ја разоткри вистината дека многу возрасни не се дораснати на одредени предизвици во дигиталното опкружување.

Децата премногу зјапаат во екраните на „паметните“ уреди, губат време на „Јутјуб“, „Тикток“, „Инстаграм“, „Снепчет“ … Зошто го прават тоа? До тоа не дошло со затворање по дома, полициски час или карантин поради кроната, тоа се случило многу пред пандемијата. Бидејќи тука не станува збор само за лесна забава. Тоа е сериозна деловна активност зад кој стои научен пристап кој предизвикува зависност. На тоа предупредува Радомир Марковиќ, ИТ експерт, тврдејќи дека децата не се виновни што поминуваат многу време пред екранот, туку софистицираните алгоритми дизајнирани да предизвикаат зависност. На сите им препорачува да го гледаат документарниот филм „The Social Dilemma”, кој се појавил неодамна, а во кој, како што посочува, оние што ги создале апликациите објаснуваат дека ангажирале казина експерти за правење игри на среќа и коцкање.

Радомир Марковиќ, ИТ експерт

– Децата се најзагрозени и најизложени на бескрупулозен систем кој не им дозволува на „ЈуТјуб“ да одгледаат еден видео клип, туку веднаш го сервира следниот, сличен, привлечен, за да им го задржат вниманието подолго. Јас кликам во недоглед. Дури и додека свапуваат, кога сликата од екранот ќе се лизне надолу, како што работата слот машините. Неверојатно е до какви детали оделе програмерите за да предизвикаат зависност кај корисниците – истакнува Марковиќ.

Родителите на денешните ученици не се генерации родени во дигиталното опкружување и израснати на Интернет, но тие мора да се запознаат со онлајн просторот и содржините што се достапни таму, за да знаат како да се позиционираат соодветно. Неопходно е да се ограничи времето кое децата го поминуваат на социјалните мрежи и Интернет. Ова значи дека уредот во одреден период од денот треба да се отстрани од видното поле, дури и да се исклучи од Интернет. На пример, во договор со децата, да одредиме еден час попладне кога ќе можат да ги проверат пораките на социјалните мрежи. Исто така, да не го користиме телефонот како будилник, да не го чуваме покрај главата додека спиеме, бидејќи постојат огромни шанси една нова порака да не врати на онлајн страниците „да го видам само уште ова“, и повторно трошиме време.

– Електронското попречување е начин да го привлечеме нашето внимание дури и кога не гледаме во телефонот. Оттаму, постојано добиваме нотификации, односно известувања, дека нешто „важно“ се случува, и дека некој ве означил, неклј го лајкнал вашиот коментар, а некој го коментирал вашиот пост … Заборавивме дека за она што е навистина важно има телефонски повик – потсетува Марковиќ.

На децата не треба целосно да им се ускрати престојот на Интернет, бидејќи тие растат во дигитална средина, забележува тој, но семејниот договор, а со тоа и правило, треба да биде децата сами да прекинат или родителот да им го земе телефонот по истекот на ограниченото време за забава на Интернет. И во тоа родителот треба да биде доследен и упорен. На нив им ги препорачува апликациите како што се „Screen Time” или „Secure Teen” со кои можат да следат колку време детето поминало на Интернет и што гледало, а и на далечина можат да го оневозможат пристапот до онлајн содржините.

Бранислава Павловиќ, клинички психолог и семеен терапевт

Дека социјалните мрежи не влијаат подеднакво на сите млади, но и дека за многумина стануваат основна форма на социјална комуникација, што е погубно за формирање на идентитетот, бидејќи социјалните мрежи не се реални, тука можете да изгледате како инаку не изгледате, претставувајќи се онаков каков не сте, предупредува Бранислава Павловиќ, клинички психолог и семеен терапевт. Таа посочува дека колку е посилно семејството, односот со родителите и системот на вредности одвнатре, толку е помало влијанието на надворешните фактори, па дури и социјалните мрежи. Исто така, родителите не смеат да се преправаат дека социјалните мрежи не постојат. За тоа треба да се зборува.

– Треба да се коментира со нив, и не само како некој вид на контрола. Не треба да им се забранува, туку со нив да изгледате неколку снимки и прашајте ги зошто тоа им се допаѓа. Важно е да се разбере детето, но и да се едуцира за тоа кои содржини се прифатливи, а кои не – забележува Павловиќ, и дека на децата пред 12-та година не им се потребни социјални мрежи.

Во пубертетот, кога нивната главна желба е да бидат допаднати и прифатени, на тинејџерите им е тешко да ги одделат добрите од лошите и затоа, според најпопуларната балканска тиктокерка, Сара Дамњановиќ, потребно е родителите да ги следат детските активности на социјалните мрежи.

– Јас не сум за забрани. Контрола мора да постои. Не е сè за деца што може да се види таму, затоа не ги поддржувам сите инфлуенсери и мислам дека секој е добар пример – посочува Дамњановиќ, која на „Тикток“ има 1,9 милиони следбеници, а некои од нејзините спортски видеа на таа платформа бројат околу 70 милиони прегледи.

Одговорноста кон својот „виртуелен град“ со големина на Белград, многу сериозно ја сфаќа. На тинејџерите кои ја следат, на пример, им кажува да бидат вредни и да учат добро, дека не е во ред да се навредуваат сиромашните, но и да се избегнуваат бизарните содржини.

Најпопуларната балканска тиктокерка Сара Дамњановиќ

– Психопат од Русија откопувал гробови на девојчиња, ги вадел телата, ги мумифицирал, ги облекувал во кукли и во нив вградувал музички кутии. Од ова, верувале или не, се создал „тренд“ на „Тикток“, па девојките во светот се шминкале како тие кукли, односно мртви девојки и ги имитирале. Морав да реагирам и да ги замолам децата да не следат такви работи – се потсетува Дамњановиќ, додавајќи дека не толерира промовирање на насилство и вулгарност.

Лижењето ве-це шолја или „предизвик“ со ставање сопки на децата кои скокаат, некои се од бизарните и опасни „трендови“ што тинејџерите ширум светот ги прифатиле – само поради тоа што лајкуваат да бидат лајкувани. Популарните инфлуенсери често го кршат законот, на пример, со снимајќи се додека возат. А пред се, била поднесена кривична пријава против еден од интернет идолите на децата во Србија, популарниот Бака Прасе, поради стампедото предизвикано од тинејџери во Нови Сад минатата година, за нелегални сексуални активности со малолетничка.

Бака Прасе

Овој ЈуТјубер, чие вистинско име е Богдан Илиќ, зборувал за тоа во видео снимката на својот профил. Неговата реченица дека девојките со кои тогаш бил во друштво „од прва сакале да спијат со него затоа што знаеле дека е популарен“, е црвен аларм за сите родители да размислат за тоа на кого им се восхитуваат нивните деца и кого бираат за пример.

ОД РОДИТЕЛСКИ АГОЛ

Јазот помеѓу интернет навиките на децата и возрасните

Гордана Племиќ, директорката на здружението „Родители“, укажува дека постои огромна празнина помеѓу онлајн навиките на децата и возрасните затоа што постојано доаѓаат нови социјални мрежи кои родителите не ги знаат и не можат да ги следат.

Гордана Племиќ, директорката на здружението „Родители“

– Од „Јутјуб“ на „Фејсбук“, на „Инстаграм“, „Снепчет“, „Тикток“ … Треба да сфатиме и да прифатиме дека нема да исчезнат туку така. Не можеме да се справиме со предизвиците на виртуелниот свет затоа што не го познаваме и не го прифаќаме. Тоа мора да се промени. Мораме да се вклучиме, да видиме зошто нашето дете е заинтересирано за одреден инфлуенсер, зошто гледа ваква содржина, што му е интересно тука, зошто баш тој јутјубер е негов идол … Социјалните мрежи не можеме да им ги забраниме, ниту пак можеме да ги следиме детските активности онлајн 24 часа на ден. Одзимањето на телефонот и забраната за пристап до Интернет може само да придонесе да почнат да кријат дека се на некоја мрежа и таму да бидат уште повеќе затоа што им забрануваме. Наместо тоа, треба да им дозволиме на децата да нè запознаат со нивниот виртуелен свет, да им се укаже дека и ние знаеме што прават таму и дека кога нешто не им се допаѓа или се загрижени, да можат слободно да побараат помош од нас, без страв дека ќе бидат карани или казнети, а со верување дека ќе им дадеме подобар совет од нивните врсници – заклучува Гордана Племиќ.