Еве како да спиете на летните горештини 

276

Летните горештини се далеку зад нас, но ако сте пропуштиле да го прочитате текстот на кој начин полесно да ја преспиете ноќта, еве сега ве потсетуваме.

Спиењето за време на летните месеци може да биде вистински кошмар, што ќе резултира со постојана ненаспаност и хроничен умор.

Постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат овој процес да биде полесен. На пример, можете да спиете со вклучен клима-уред, но по можност да не е во спалната соба и да не дува директно во вас.

Корисно може да биде и пред спиење да ја попрскате малку постелнината со спреј со вода. Потрудете се ако нема потреба, да не вклучувате светла, бидејќи светилките дополнително ги загреваат површините.

Исто така, носете памучна облека, наместо да спиете во свилени ноќници и пижами. Не пијте алкохол пред спиење. Доколку живеете во куќа, спијте на ниските катови. Ако сепак живеете во стан, можете да пробате да спиете на земја на тенок душек.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.