Лимонот ќе ви помогне да се разубавите

2190

Позитивната улога што ја има лимонот врз нашето здравје е позната уште многу одамна. Лимоновиот сок освен како лековит пијалак, може да се употреби во безброј различни ситуации кои ќе ни го подобрат секојдневниот живот.

Богат со овошни киселини и природни шеќери, лимонот е антиоксиданс кој се користи во различни козметички препарати кои помагаат за отстранување на мртвите клетки на кожата и за нејзино повторно регенерирање.

Но, не мора да трошите огромно богатство за да изгледате убаво. Со наша помош можете да направите домашни маски од кои ќе бидете вистински изненадени.

Маска за суви и оштетени усни

Направете смеса од по една лажичка павлака, сок од лимон и мед. Мешајте додека сите состојки добро не се изедначат. Потоа маската нанесете ја на усните. За подобри резултати, најдобро е да ги третирате усните една недела.

Маска за отстранување брчки

Измешајте во еден сад една лажичка мед, неколку капки свежо исцеден сок од лимон и слатко бадемово масло. Нанесете ја маската да стои на лицето околу 20 минути. За крај, нежно измијте го лицето. Доколку немате бадемово масло, бананите можат да бидат одлична замена.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2