Едни поинакви палачинки

1316

Ова е вистинскиот рецепт за оние кои повеќе сакаат солени отколку слатки палачинки.

Потребно

  • 6 готови палачинки
  • 1 главица кромид
  • половина килограм свежа зелка
  • 200 грама мелено месо
  • масло
  • сол и бибер
  • 2 јајца
  • 200 милилитри јогурт
  • 200 грама кисела павлака
  • малку кашкавал

Подготовка

На масло пропржете го сецканиот кромид, па додадете го меленото месо. Пржете го некое време, па додадете ја зелката и динстајте ја. Додадете сол и бибер.

Во палачинката ставете две лажици од филот, завиткајте ги краевите и завиткатајте ја целата палачинка.

Во подмачкан плех редете ги така сите подготвени палачинки. Изматете ги јајцата, додадете го јогуртот и павлаката, добро измешајте и прелијте ги палачинките.

Одозгора изрендајте малку кашкавал, па печете во рерна на 220 степени околу 20 минути.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.