Маска од тиква за мрсна кожа

1273

Еден од најдобрите домашни третмани за мрсна кожа е маската со тиква.

Тиквата е богата со цинк, кој ја контролира масноста на кожата и помага во намалувањето на видливоста на флеките од акни.

Тиквата овозможува и нежна ексфолијација на кожата, без да се користат абразивни честички.

  • 2 големи лажици ситно рендана тиква
  • 1 мала лажичка сок од лимон
  • 1 белка од јајце
  • 1 голема лажица мед

Во мал сад измешајте ги состојките и промешајте добро со виљушка или миксер.

На чиста кожа нанесете тенок слој од смесата, избегнувајќи ја областа околу очите.

Оставете ја маската да дејствува 15-20 минути.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.