Секоја година сè повеќе и повеќе жени се трудат да најдат некаков баланс во својот живот. Зафатените жени постојано имаат недостаток на време, поради тоа што имаат премногу обврски дома и во канцеларијата.
Особено ако сте жена која има деца, тогаш ваквите проблеми ви се потполно јасни. Како една жена да успее да биде посветена мајка, успешан деловна дама и добра домаќинка?
Кога се трудите да ги постигнете сите цели и да ги завршите сите обврски во текот на денот, тогаш може да завршите фрустрирани, премнорени и незадоволни. Но, ако јасно знаете кои се најважните обврски, кои морате да ги завршите до крајот на денот, тогаш останатите ќе можете да ги оставите и за наредниот ден и на крајот ќе се чувствувате порелаксирано.
Доколку сте зафатена мајка, која едноставно не може да се справи со сите обврски кои ги има, тогаш овие 10 совети навистина ќе ви помогнат.
Поставете граница помеѓу работата и домот
Направедете распоред за тоа колку часа ќе бидете на работа и концентрирајте се на најважните три или четири обврски кои ги имаат за тој ден или за целата недела. Работете напорно и трудете се да завршите сè, бидејќи кога ќе си заминете дома, треба навистина да бидете дома. Тоа значи дека треба да им посветите внимание на луѓето кои ви значат и да не мислите на работата. Жените кои имаат балансиран живот можат повеќе да успеат и на двете полиња.
Подгответе се одвечер
На зафатените мајки и жени секоја минута наутро им е многу важна. За да можете порано да излезете од домот за да одите на работа, тогаш препорачливо е да се подготвите претходната вечер. Подгответе го ручекот, оброците за вашите деца кои треба да ги носат на училиште, подгответе ја чантата и сите работи во неа, одберете кои алишта ќе ги облечете и потрудете се да не легнувате доцна, за да имате доволно време убаво да се одморите.
Одвојте време за неделни и дневни планови
Секоја недела одвојувајте 20 минути и секој ден одвојувајте 10 минути за да направите план и распоред за вашето време, за тоа кои се најважните обврски, задачи и состаноци. Кога ќе имате направен план и ќе можете да проверувате до каде сте со обврските, тогаш многу подобро ќе можете да управувате со вашето време.
Продолжува на страна 2



















