Најчесто користената пилула за спиење може да го намали таложењето на протеини клучни за развојот на Алцхајмерова болест

1567

Една нова научна студија покажа дека користењето апчиња за спиење може да го намали таложењето на токсични протеински наслаги во течноста што го мие мозокот секоја вечер.

Американските научници од Универзитетот Washington во St. Louis, откриле дека луѓето кои земале суворексант (suvorexant), вообичаен лек за несоница, две ноќи во клиника за спиење доживеале мало намалување на двата протеини amyloid-beta и tau, кои се акумулираат во мозокот при Алцхајмерова болест. Иако тоа е само кратка студија, во која учествувала мала група здрави возрасни лица, тоа е интересен показател за врската помеѓу спиењето и молекуларните маркери на Алцхајмеровата болест.

Нарушувањата на сонот може да бидат ран предупредувачки знак за Алцхајмерова болест која претходи на други симптоми, како што се губење на меморијата и когнитивно опаѓање. До моментот кога ќе се појават првите симптоми, нивото на абнормален amyloid-beta е речиси на својот врв, формирајќи купчиња наречени плаки кои ги затнуваат мозочните клетки.

Спречување на погрешно толкување

Авторите на студијата мислат дека поттикнувањето на спиењето може да биде еден од начините за спречување на Алцхајмеровата болест со тоа што ќе му дозволи на заспаниот мозок да се исчисти од протеинските остатоци и другите отпадни производи акумулирани во текот на денот. Иако апчињата за спиење можат да помогнат во овој поглед, би било прерано за луѓето кои се загрижени за развој на Алцхајмеровата болест да го толкуваат ова како причина да почнат да земаат suvorexant секоја вечер, предупредува Brendan Lucey, водач на студијата и невролог од Центарот за спиење на Универзитетот во Washington.

Споменатата студија, која е објавена во научното списание Annals of Neurology, траела само две ноќи и опфатила 38 средовечни учесници кои не покажале знаци на когнитивно оштетување и немале проблеми со спиењето.

Не е идеално решение на долг рок

Сепак, долготрајното користење на апчиња за спиење не е идеално решение дури и за оние кои немаат доволно сон, бидејќи е прилично лесно да се стане зависник од такви лекови. Апчињата за спиење, исто така, можат да ги затишат луѓето во поплитки периоди на спиење наместо во фази на длабок сон. Ова би можело да биде проблематично бидејќи претходното истражување на Lucey и неговите колеги открило врска помеѓу лошиот квалитет на сонот и покачените нивоа на tau-заплетките и amyloid-beta протеинот.

Во новата студија, Lucey и колегите сакале да видат дали подобрувањето на спиењето со апчиња за спиење може да ги намали нивоата на tau и amyloid-beta во цереброспиналната течност што го исполнува просторот околу мозокот и ‘рбетниот мозок. Претходните истражувања покажуваат дека дури и само една ноќ на нарушен сон може да предизвика зголемување на нивото на amyloid-beta.

Текот на истражување и набљудувања

Група волонтери на возраст од 45 до 65 години добиле една од двете дози suvorexant или placebo пилула, еден час откако истражувачите собрале мал примерок од нивната цереброспинална течност. Тие продолжиле да собираат примероци на секои два часа 36 часа додека учесниците спиеле и во текот на следниот ден и ноќ за да измерат како се менува нивото на протеини во таа течност.

Тие открија дека нема разлики во спиењето меѓу групите, но дека концентрациите на amyloid-beta сепак се намалени за помеѓу 10 и 20 проценти со вообичаено пропишаната доза на suvorexant за несоница, во споредба со placebo. Повисоката доза на suvorexant, исто така, привремено ги намали нивоата на хиперфосфорилирана tau, модифицирана форма на tau протеин поврзан со формирање на tau замрсеност и клеточна смрт. Сепак, овој ефект е видлив само кај некои форми на tau, додека концентрациите на tau се зголемиле во рок од 24 часа од земањето на апчињата за спиење.

Ако можете да ја намалите tau фосфорилацијата, потенцијално ќе има помалку формирање на замрсеност и помала смрт на невроните, објаснува Lucey. Но, се зависи од тоа колку добро науката ја разбира причината за Алцхајмеровата болест.

Водечка теорија за Алцхајмеровата болест на несигурна почва

Водечката научна теорија дека абнормалните протеински наслаги ја поттикнуваат патологијата на Алцхајмеровата болест неодамна се најде под интензивен лупа, откако децениските истражувања насочени кон намалување на нивото на amyloid не се преточени во никакви корисни лекови или терапии кои всушност ја спречуваат или забавуваат болеста. Ова ги поттикна научниците повторно да размислат како се развива Алцхајмеровата болест.

Има се повеќе докази кои ги поврзуваат нарушувањата на спиењето со Алцхајмеровата болест, болест за која нема лек. Lucey вели дека подобрувањето на хигиената на спиењето и барањето третман за проблеми со спиењето како што е апнеја при спиење се разумни пристапи за подобрување на целокупното здравје на мозокот на која било возраст.

Мојата надеж е дека на крајот ќе развиеме лекови кои ја искористуваат врската помеѓу спиењето и Алцхајмеровата болест за да го спречат когнитивниот пад. Но, сè уште не сме сосема таму, вели Lucey.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.