Како да се погрижиме за здравјето на градите

1338

Кога станува збор за млади жени и рак на дојка, има добри и лоши вести.

Најдобрите се дека шансите млада жена да се разболи од овој вид рак, се значително пониски отколку една постара жена. Лошите вести сепак се дека ако тоа се случи, ракот може да биде поагресивен, предупредува доктор Дебра Манџино.

Здравиот начин на живот сепак може да ви помогне да ги заштитите вашите гради. Има некои промени кои треба да ги направите за да се погрижите за вашето здравје. Се разбира, не треба да ја игнорираме и посетата кај специјалист.

Експертите советуваат да се истакне на следниве работи:

Одржување на здрава тежина

Дебелината може да го зголеми ризикот од развој на болеста, како и да се намали шансата за позитивен развој на болеста, сподели Харолд Фримен – претседателот и основач на Ralph Lauren Center for Cancer and Prevention во Њујорк.

Вежбајте

Целта е да се практикува во текот на 45 минути до еден час пет дена во неделата.Редовните фитнес вежби можат да помогнат во спречување на болеста преку стимулирање на имунолошката функција, пазите од дебелината и го намалува нивото на естроген и инсулин.

Пијте помалку алкохол

Истражувањата покажуваат дека две пијачки на ден може да го зголемат ризикот од рак на дојка за 21%. Па подобро обидете да го замените виното со консумирање на … свежо грозје.Ресвератролот, откриен во обвивката на грозјето, може да помогне да се намали нивото на естроген, што од своја страна го намалува ризикот од рак на дојка.

Јадете зеленчук

Диетата со ниска содржина на масти може да го намали ризикот од рак на дојка. За уште поголема заштита сепак, додадете некој зелкаст зеленчук како брокули и зелка кон дневното мени. Тие содржат сулфорафан, за кој се смета дека помага во спречување на размножување на клетките на ракот. Обидете се да консумирате некои видови зеленчук и во сурова форма.

Запознајте се фамилијарната здравствена историја

“Во околу 15% од случаите на рак на дојка има фамилијарна историја на болеста”, вели Фримен. Ако имате блиска роднина, која имала рак на дојка, ризикот за вас може да се покачи двојно.

Одете на мамолог

За жените над 40-годишна возраст се препорачува секоја година да посетуваат мамолог. Помладите жени, сепак, исто така треба да размислат за своето здравје и да се прегледуваат кај специјалист. За дамите со фамилијарна историја треба да се започне скрининг 10 години пред возраста на роднините со оваа дијагноза (кога таа дознала).Најдобро е да се консултирате со специјалист кои се најдобрите начини да се прегледувате.