Причини поради кои не можете да доживеете ор*азам секој пат кога имате с*кс

1652

Понекогаш постигнувањето оргазам изгледа како вистински предизвик. Секако дека и самиот секс пружа задоволство и можеби нема врска што повремено не го доживувате врвот, но ако тоа се претвори во трајна состојба, тогаш недоживувањето оргазам може да биде прилично фрустрирачко.

Тоа е како некаков таен и ексклузивен клуб во кој сите други уживаат, а вие никако да влезете.

Иако медицинските проблеми како проблеми со работата на срцето кои предизвикуваат слаб проток на крв кон вагината и клиторисот можат да го отежнат постигнувањето оргазам, сепак тоа е навистина ретко.

Меѓутоа постојат и многу чести причини кои ве спречуваат да доживеете оргазам, а ова се дел од нив:

1. Недоволна стимулација на клиторисот

Во претставата на оргазмот, најчесто клиторисот е главна ѕвезда. Околу 70% од жените оргазмот го постигнуваат преку директна стимулација на клиторисот, а не преку вагинална пенетрација. Тоа значи дека ако никогаш не сте доживеале вагинален оргазам, не сте сами, а можно е и да ви недостига директна стимулација на клиторисот.

Пробајте го овој трик – за време на сексот допирајте се сами или тоа нека го направи вашиот партнер. Уште поедноставна опција е во рутинскиот секс да вклучите и секс играчки, како што е вибраторот.

Продолжува на страна 2