4. Немате концентрација
Тешко е да доживеете оргазам ако за време на сексот размислувате на други работи – што сѐ мора да направите утре, дали ги завршивте сите работни обврски, што да подготвите за ручек утре… Концентрираноста на сексот и на уживањето кое го доживувате е клучен дел од постигнувањето оргазам, особено кај жената каде мозокот е главен орган за постигнување оргазам.
На цела среќа, решението на овој проблем е прилично едноставен – фокусирајте се на тоа што го правите и колку добро се чувствувате додека водите љубов со партнерот. Бидете присутни со мислите и обидете се максимално да се забавувате – така можеби ќе го доживеете најдобриот оргазам во вашиот живот.
5. Се борите со анксиозност, голем стрес или депресија
Сите овие психички состојби можат да влијаат врз доживувањето оргазам, особено ако пиете лекови за нешто од наведеното. Серотонинот, допаминот и норепинефринот се вклучени во реакцијата на телото на сексуално надразнување и доживување оргазам, но тие исто така се под влијание на лековите за анксиозност и депресија.
Дури и ако не пиете лекови, треба да пробате да работите на опуштање и на решавање на овие проблеми. И не се срамете да се консултирате со доктор. Жените треба да уживаат во сексот, токму затоа постојат експерти кон кои може да упатите секакво прашање без чувство на срам.



















