Луѓето повеќе уживаат во бракот отколку во љубовната врска

257

Погрешно е мислењето дека луѓето се чувствуваат послободно и подобро кога сѐ уште не се во брак.

Особено не мажите. Иако многумина така мислат, реалноста покажува дека љубовната врска пред да се претвори во брак е тажна и нецелосна. Ни најголемата љубов не може да ја замени убавината на бракот.

Во врската, партнерите се гледаат во својот сјај и цут, а сепак се сами: љубовната врска проектира измамувачка, изнасилена слика на стварноста, животот на љубовниците неизбежно е само поза.

Единствено во бракот луѓето можат да се запознаат и спојат целосно. Чудото на чувствувањето, допирањето, трагање по личноста на другиот – сетоа тоа е подеднакво прекрасно и уникатно.

Пред бракот човекот лебди пред животот и го набљудува однадвор; единствено во бракот се внурнува во животот, влегува во животот преку личноста на другиот. Таа радост во вистинското знаење и вистински живот ни дава чувство на остварена полнота и задоволство кое не‘ прави побогати и помудри.

Преземено од книгата „Брак – православна перспектива“ на Јован Маендорф

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk