А МОЖЕБИ ИМА НЕШТО ВО ТОА | Најлудите теории на заговор во кои некои луѓе навистина веруваат

1854

Верувале или не, сè што е објавено на интернет не е нужно и вистина. И да, тоа и нас не шокира, пишува Mandatory.

Што и да напишете во пребарувачот на YouTube ќе резултира со барем неколку видеа во кои можните и луди луѓе ќе тврдат дека ја знаат „вистинската вистина“ која стои зад тоа.

Постојат навистина бизарни приказни, кои изгледаат најневеројатни. Но, она што е најлошо е тоа што изгледа како да има многу луѓе кои се согласуваат со нив.

1. Илуминатите го жртвувале Robin Williams на Сатаната за пари

Еден од главните „докази“ за оваа теорија е дека на самиот ден на самоубиството на Williams во анимираната ТВ серија Family Guy имало сцена во која самиот Williams зборувал за својата депресија.

Тие го нарекуваат предвидливо програмирање, а се работи за толку многу луѓе кои се вклучени во овие заговори што можат да стават нешто на ТВ-шоу за да ги натераат луѓето да веруваат во тоа, за да не бидат шокирани кога Илуминатите ќе го извршат нивниот план.

2. Justin Bieber е рептил кој ја менува формата

Не само што веруваат дека се работи за човек гуштер, туку и дека доказ за тоа е фотографијата на која очите му се малку матни. Бидејќи такво нешто на никој од нас не му се случило, единственото логично објаснување е дека пејачот е всушност маскиран гуштер.

3. Obama наредил убиство на комичарката Joan Rivers затоа што раскажувала навредливи работи за него

Не е важно што се работело за 81-годишна жена, вистинската причина за нејзината смрт е тоа што Обама одлучил така. Имено, не му се допаднало кога комичарката го нарекла геј, а неговата сопруга Мишел травестит. Два месеци потоа ја средил. Баш и не се брзал. На крајот на краиштата, ниту еден комичар или кој било друг човек никогаш не го исмевале претседателот, па веројатно тоа е причината.

4. Paul McCartney починал, па го заменил двојник

Овој Paul McCartney што го гледате сега не е вистинскиот Paul McCartney. Вистинскиот загинал во сообраќајна несреќа далечната 1966. година, а бил заменет со некој, или нешто, кој личи на него. Некои веруваат дека двојникот е всушност човек по име Billy Shears, чие име е наведено на албумот Sgt. Pepper. Но, некои одат уште подалеку, тврдејќи дека зад замената се крие заговор на зли влекачи. Токму тие се преправаат дека се луѓе и тајно владеат со светот.

5. Земјата е рамна плоча

Жал нѝ е за луѓето, но Земјата е всушност рамна плоча. Така е. НАСА, сите влади, учители и илуминати на светот заедно решиле да ве измамат и да ве убедат дека е тркалезна. Која е причината што ви велат дека е тркалезна, а не е рамна? На кој му е гајле? Главната работа е што во ова видео конечно е откриена вистинската вистина.

6. Илуминатите го убиле Muhammad Ali за Рамазан

Оваа теорија е можеби најглупавата од сите, а навистина кажува многу. Muhammad Ali со години бил во лоша здравствена состојба, па логично би било Илуминатите да го извршиле атентатот порано. Наместо тоа, чекале неговото здравје да ослабне толку многу што кутриот едвај се движел и комуницирал за да нападнат. Сосема има смисла!

7. Pokemon Go е апликација за надзор на владата на САД

Ова спојување на GPS е глобален феномен, но само затоа што владата на САД го користи за следење на нашите локации. Иако сите ние веќе имаме мобилни телефони кои постојано ги носиме со нас, се испостави дека тие не нè следеле преку нив. Наместо тоа, тие чекаа додека не почнеме да талкаме низ трговскиот центар во потрага по Charmander. Навистина, зошто треба да чекате натпревар за да знаат каде сте? Не ми го уништувајте Pokemon Go, internet!

8. Мајкл Џексон ја лажирал својата смрт и сѐ уште е жив

Ако умре некоја мегапопуларна ѕвезда, бидете сигурни дека ќе се појави теорија на заговор дека дотичниот ја лажирал својата смрт и сега тајно патува низ светот. Но, мислам, Џексон и онака веќе бил прилично скриен од светот, па зошто сепак да се мачиме со лажирање смрт?